Дома Фудбал Алонсо брзо ќе го заборави Реал Мадрид: Наскоро започнува нова ера во гигантот

Алонсо брзо ќе го заборави Реал Мадрид: Наскоро започнува нова ера во гигантот

Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид по само седум месеци. Доби отказ по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, но многу брзо би можел да најде нова работа. Ливерпул е сериозен фаворит за неговото доведување.

Ерата на Чаби Алонсо во Реал заврши по само седум месеци. Тој ги водеше Кралевите во само 34 натпревари, за да му биде врачено отказ од страна на Флорентино Перез по поразот од Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно и одредени фудбалери му го свртеле грбот на 44-годишниот тренер. Тој, сепак, замина мирно и без премногу врева, а веќе се насетува потенцијалниот нов клуб.

Голем фаворит за неговото доведување на клупата е Ливерпул. “Црвените” уште од минатата година се заинтересирани за услугите на одличниот стручњак, но во првиот обид беше одбиен.

Сега работата сепак би можел да ја прифати. Менаџерот на тимот од Енфилд, Арне Слот, е под голем притисок и одамна му се тресе фотелјата.

Холанѓанецот е многу блиску до отказ. Се чека грешка по која ќе му бидат покажани излезните врати, а преговорите со Чаби веќе се закажани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сенегалците со сите сили го бранеа пешкирот на Менди, кој е амајлија против вуду-магија.

Една од најактуелните теми во спортот остануваат случувањата од финалето на Африканскиот к…