Дома Фудбал Алко-тест за навивачите на влез на стадион: Полицијата приведува и воспостави нулта толеранција пред мечот

Алко-тест за навивачите на влез на стадион: Полицијата приведува и воспостави нулта толеранција пред мечот

Ако не го поминеш алко-тестот, не можеш да влезеш на стадионот – ова е јасно формулирано правило што полицијата во Парагвај го воведе за натпреварот во Копа Либертадорес помеѓу Либертад и Ривер Плејт. Овие строги мерки се применуваа за гостинските навивачи, фановите на аргентинскиот тим. Толеранција немаше.

Значи, правилото беше едноставно: ако алко-тестот покаже присуство на алкохол кај навивачот, влезот на стадионот беше забранет. Без разлика дали се работи за една чаша пијалок или повеќе. Полицијата дури и ги преведуваше оние што беа под влијание на алкохол и ги носеше со автобус до најблиската полициска станица, каде што остануваа до 15 минути пред крајот на мечот, за потоа да ги пуштат и да избегнат гужва при нивното враќање во сместувањата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На фотографиите и видеата кои се проширија на социјалните мрежи, се гледаат разлутени навивачи на Ривер Плејт. И покрај нивниот револт кон одлуката на полицијата, ништо не можеше да се промени. Некои ќе го паметат натпреварот по тоа што дел од ноќта поминаа во полициска станица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген успешно опериран

Голманот Марк-Андре тер Штеген минал успешна операција на бедрото, соопшти неговиот клуб Ж…