
Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид ќе го одигра реваншот од финалето на ЕХФ Купот на домашен терен, откако така реши денешната ждрепка што се одржа во седиштето на ЕХФ во Виена.
Според распоредот, првиот натпревар ќе се игра на 18 или 19 мај во Атина, каде што домаќин ќе биде грчкиот АЕК, додека решавачкиот реванш ќе се одигра една недела подоцна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
За Алкалоид ова е историска можност – со евентуален триумф, тимот би можел да го освои својот прв меѓународен трофеј, само неколку години од формирањето на клубот. Тимот веќе покажа дека има квалитет за европска сцена, а поддршката од домашната публика во Скопје би можела да биде клучниот фактор во битката за титулата.
Фото: РК Алкалоид