Дома Фудбал Александер-Арнолд го известил Ливерпул дека сака во Реал, за сè е виновен Белингам

Александер-Арнолд го известил Ливерпул дека сака во Реал, за сè е виновен Белингам

Англискиот десен бек Трент Александер-Арнолд (26) можеби ќе замине од Ливерпул бидејќи ги информирал директорите на лидерот во Премиерлигата дека летово сака да замине во Реал Мадрид, објавува шпанската Marca.

“Останувањето на бекот во Ливерпул станува сè помалку можно поради фактот што дефанзивецот е заведено привлечен од магијата на Реал, а исто така и затоа што го привлекува можноста за ново искуство”, се наведува во текстот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Го потсетуваат и дека Александер-Арнолд е голем пријател со Џуд Белингам кој наводно редовно му зборува на Трент за тоа како е да се игра за Реал.

Челниците на Ливерпул не сакаа да го дочекаат 1 јануари без решавање на обновата на договорот со својот бек, а истата ситуација се повторува и со Ван Дајк и Салах.

Меѓутоа, случајот со Александер-Арнолд е таков што тој е играч кој е израснат на „Енфилд“ и пред него потенцијално има уште долга иднина во клубот.

Иако во последните неколку месеци имаше обиди за договарање на обновата на договорот, конечно решение уште не е постигнато.

Иднината е во рацете на одговорните во Ливерпул кои веќе знаат дека интересот на Реал не е само стратегија на менаџерот за да обезбеди побогат договор во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По пауза од четири меча: Аморим му дава нова шанса на Рашфорд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим решил да му даде нова шанса на Маркус Рашфорд…