Дома Фудбал Алегри ја реши дилемата околу Модриќ

Алегри ја реши дилемата околу Модриќ

Едно од клучните прашања што го мачи тренерот Масимилијано Алегри пред новата сезона е како оптимално да ги користи вештините на Лука Модриќ (39). Иако хрватскиот играч за врска се приближува до својата 40-та година, неговите игри и статистиките и натаму се на врвно ниво, но јасно е дека ќе му биде потребно внимателно дозирање на минутажата. Според пишувањата на италијанскиот Тутоспорт, изгледа дека Алегри ја донесе конечната одлука за неговата улога, пренесува „Семпремилан“.

Главната дилема за тренерот од Ливорно беше дали да го користи Модриќ како „региста“, односно длабински креатор на играта пред одбраната, или во нешто поофанзивна box-to-box улога, со која би покривал цел терен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот медиум тврди дека Алегри сега е сигурен дека поранешниот играч на Реал и Тотенхем сака да го види како региста. Така планира да ја искористи максимално неговата способност за диктирање на ритамот на играта, истовремено зачувувајќи ја неговата физичка подготвеност.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Доминик Собослаи неодоливо потсетува на Стивен Џерард. Му недостига само капитенската лент…