
Ова лето беше исклучително динамично на фудбалската трансфер сцена, а според најновите информации, можеби ќе сведочиме на уште еден трансфер истовремено фасцинантен и изненадувачки!
Според ексклузивните информации што ги објави познатиот фудбалски новинар и инсајдер Фабрицио Романо, Ал Хилал е многу блиску до договор за трансфер на Дарвин Нуњез од Ливерпул!
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Се чини дека двата клуба веќе постигнале согласност околу трансферот, а само останува саудискиот клуб да ги договори личните услови со играчот.
Сè уште нема конкретни детали за трансферот, а износот засега е тајна, но се знае дека Дарвин е голема желба на тренерот Симоне Инзаги.
🚨🇸🇦 ЕКСКЛУЗИВНО: Ал Хилал е блиску до реализирање на трансферот за Дарвин Нуњез по усниот договор со Ливерпул.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 6, 2025
Клубот и клубот постигнале договор, а Ал Хилал преговара со Нуњез за личните услови.
Одлуката е на Нуњез, разговорите се во тек, Инзаги сака да го има. pic.twitter.com/9wvgc6UxZH