Дома Фудбал Ако сега не се ишиша нема кога – Јунајтед го чека идеален распоред!

Ако сега не се ишиша нема кога – Јунајтед го чека идеален распоред!

Манчестер јунајтед за викендот минимално го совлада Њукасл (1-0), триумф кој на хартија важеше за најтешкиот испит за „црвените ѓаволи“ во овој дел од сезоната. Она што следува, барем според пласманот на табелата, изгледа далеку поповолно за тимот од „Олд Трафорд“.

Во наредното коло избраниците на Рубен Аморим ќе гостуваат кај Вулверхемптон, последнопласираниот тим во Премиер лигата со само два освоени бода по 18 кола. Потоа следуваат дуели со Лидс (16. место), Барнли (19. место), а на 11 јануари и пресметка со Брајтон, кој во моментов е 12-ти на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Манчестер јунајтед сезонава настапува со многу осцилации и моментално е на шестата позиција, нема сомнеж дека ќе ја има улогата на фаворит во сите овие натпревари. Токму затоа, овој распоред може да се покаже како идеална можност за фаќање ритам и градење победничка серија.

Дополнителен мотив има и надвор од теренот – доколку Јунајтед ги добие овие четири средби, тоа ќе значи пет последователни победи, а во тој случај популарниот Илет ќе мора да ја скрати косата, според даденото ветување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски објави фотографија од теретана, навивачите на Барселона воодушевени (Фото)

Без сомнение, еден од најдобрите напаѓачи на светско ниво во последните петнаесетина годин…