Дома Фудбал Ако испаднат од елитата, ќе почне распадот на Тотенхем – овие фудбалери се први за „бегање“ од Лондон

Ако испаднат од елитата, ќе почне распадот на Тотенхем – овие фудбалери се први за „бегање“ од Лондон

Фудбалскиот клуб Тотенхем поминува низ најтешкиот период во неговата модерна историја и претстои му жестока борба за опстанок.

Медиумите ширум Европа пишуваат за загубите со кои клубот би се соочил во случај на испаѓање во Чемпионшип.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Први на ред се шпанските клубови Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците го целат Мики ван де Вен и Лука Вушковиќ кој летово ќе се врати од позајмица од Хамбургер. Хрватот има договор со Тотенхем до летото 2030 година, додека догодовии со Холанѓанецот истекуваат една сезона порано.

На мета на други клубови е и Кристијан Ромеро, кого посебно го брка Атлетико Мадрид. Аргентинецот уште пред неколку месеци се поврзуваше со Атлетико, а ако испаднат, нема дилема дека ќе го напушти Тотенхем. 

Големо е прашањето што би било во случај на испаѓање и со останатите ѕвезди како Ришарлисон, Соланке, Ќави Симонс, додека Рандал Коло Муани сигурно нема да остане по истекот на позајмицата од Пари Сен Жермен. 

Тотенхем има еден бод повеќе од Вест Хем кој е прв под линија, а ист број поени имаат и Нотингем Форест и овие три тима жестоко ќе се борат до крајот да го избегнат тоа едно место со Барнли и Волфс. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Рома, четвртопласираниот клуб од италијанската лига, ќе остане месец и половина без својот…