Дома Фудбал Агентот на Олмо: Дани е под голем стрес

Агентот на Олмо: Дани е под голем стрес

ДАНИ ОЛМО (26) летово се врати во Барселона, десет години откако ја напушти нејзината академија и замина во Динамо. Враќањето на Олмo скапо ја чинеше Барселона.

Го врати со обврска да му плати отштета од 55 милиони евра на Лајпциг. Во првиот дел од сезоната, Олмо одигра 15 натпревари за Барса, постигнувајќи шест гола и асистираше за еден.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Но, тогаш се појави голем проблем. Поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, Ла Лига и оневозможи на Барселона да го регистрира Олмо за 2025 година. Играчот на Барселона и официјално е избришан од тимот. Неговиот картон го нема меѓу играчите на Барселона на сајтот на Ла Лига.

Оваа одлука ја влошува финансиската состојба на Барселона и клубот би можел да остане без вкупно повеќе од 260 милиони евра. Олмо сега технички е слободен агент. Сепак, неговиот агент Енди Бара му рекол на Фабрицио Романо дека Олмо сака да остане во Барселона и дека не размислуваат за друга опција.

Бара сега во интервју за порталот Give Me Sport изјави: “Ова е стресна ситуација за Дани, како и за секој друг играч. Но, тој е одличен играч и личност, тој се труди да остане смирен. Се разбира, Дани е победник и сака да игра, а не да гледа. Барселона е првата и последна опција, неговиот татко, јас, не размислуваме за други опции!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед ќе потроши 150 милиони евра за две страшни засилувања

Манчестер Јунајтед е во потрага по засилувања кои би можеле да го извлечат клубот од пробл…