Дома Фудбал Aгентот на напаѓачот кој е желба на многу гиганти се огласи за неговата иднина

Aгентот на напаѓачот кој е желба на многу гиганти се огласи за неговата иднина

Последните денови голем број европски медиуми пишуваат за трансферот на словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко, а Словенецот беше “преселуван” во различни клубови.

Последните информации велат дека Арсенал покажа голем интерес и можеби ќе дојде до преговори.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


РБ Лајпциг е свесен дека има одличен играч во своите редови и сигурно нема така лесно да се согласи на продажба.

Целата приказна околу трансферот предизвика реакција и од менаџерот на Шешко, Елвис Башановиќ.

Башановиќ реши и самиот да се изјасни околу овие шпекулации, а со изјавата малку ја крена Европа на нозе и може да се каже дека ги смири страстите.

“Иако сме веќе долго време свесни за интересот на неколку водечки клубови, ако ме прашате дали Шешко ќе се пресели во јануари во некој друг клуб, имам јасен одговор”, рече Башановиќ и додаде:

“Можам само да кажам дека Бенџамин е играч на РБ Лајпциг и тие можат да дадат поконкретни одговори на тие прашања.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер сака на уникатен начин да се збогува со навивачите на Баерн

Легендарниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер, по 25 години преданост кон баварскиот клу…