Дома Останати Тенис Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 јануари), а за српскиот ас зборуваше неговиот поранешен тренер Андре Агаси.

Легендарниот Американец смета дека на Ноле малку ќе му се истроши енергијата, главно затоа што пензионирале тенисерите со кои водел најголеми битки – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј, со тоа што на Британецот од неодамна му е тренер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не може да биде лесно, особено кога луѓето со кои сте започнале „танцот“ си заминале. Кога Пит (Сампрас) се пензионираше, тоа беше удар за мене. Тоа ме врати малку назад. И Ѓокоовиќ ги загуби ривалите со кои влезе во историјата. Така што најверојатно емоционално брзо ќе биде сè потешко и потешко, но никогаш не би се обложил против него. Обложувањето против него е на ваша сопствена одговорност. Тој веќе направи толку многу во светот на тенисот“, кажа Агаси.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ по Бризбејн ќе настапи на Австралија опен (12 – 26 јануари) и ќе се обиде 11-ти пат да го подигне трофејот во Мелбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз: Неверојатно е тоа како Надал успеваше да биде на врвот секоја недела

Никој никогаш во историјата на тенисот не доминирал на една подлога како што тоа го правеш…