Арсенал во јануари ќе тргне по играч за врска, тоа е еден од двата приоритети за Микел Артета во овој преоден рок. Втората секако е крилната позиција каде сака да доведе играч кој ќе биде конкуренција на Букајо Сака.
Откако на крајот од последниот преоден рок сакаа да го доведат Даглас Луиз од Астон Вила, фокусот на „топџиите“ сега е поинаков. Сега Арсенал се насочи кон доведување на фудбалерот на Лестер, Јури Тилеманс, за кого веќе покажаа интерес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерот од Белгија отворено изјави дека нема да го продолжи договорот со Лестер и дека се залага за преселба во Арсенал пред кој било друг клуб. Сепак, „топџиите“ нема да чекаат до следната сезона за да го доведат, туку ќе се обидат да се договорат со Лестер да пристигне во јануари.
Брендан Роџерс од друга страна минатата недела го пофали својот играч и изрази надеж дека тој ќе остане.
„Тој е фантастичен професионалец и иако сме свесни за ситуацијата со договорот, тој секогаш го дава најдоброто од себе. Се надеваме дека ќе остане, но одлуката е само негова“, изјави Роџерс.
Барселона и Манчестер Јунајтед се распрашуваа за неговите услуги минатото лето, но на Арсенал се даваат најголеми шанси.