Дома Фудбал Англија Aртета го призна поразот: Неверојатно е што сме во трка со ваков тим

Aртета го призна поразот: Неверојатно е што сме во трка со ваков тим

Aрсенал вчера беше поразен од Манчестер Сити со 4:1 во еден од клучните натпревари, „топџиите“ беа целосно надиграни и „граѓаните“ ја заслужија победата.

По натпреварот Микел Артета имаше само пофални зборови за противникот и чесно го призна поразот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Загубивме од подобар тим. Бевме извонредни, тешко е да се стигне до такво ниво. Ние денес не бевме на нашето најдобро ниво, посебно во првото полувреме. Денес Сити тоа знаеше да го казни, едноставно издоминираа. Не можеме да се носиме со нив. Морате да започнете од основни нешта како добивање дуели, во денешниот натпревар тоа ние не го правевме.

Мораме да ја кренеме главата и да ја погледнеме таа голема слика. Да бидам искрен, неверојатно е што се бориме за титулата против волку силна екипа. Ќе се бориме и нема да застанеме“, изјави стратегот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …