Приоритет на Арсенал во летото кое следи ќе биде доведување на напаѓач. Пјер Емерик Обамејанг веќе си замина, а на излезни врати од клубот се уште Александар Лаказет и Еди Енкетија.
Најавите од Островот се дека Артета не сака еден, туку двајца напаѓачи на лето. Првиот пик според информациите се офанзивецот на Салзбург Карим Адејеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адејеми е млад офанзивец кој блеска во дресот на австрискиот тим и веќе го привлече вниманието на неколку клубови, најмногу со него се поврзуваше Борусија Дортмунд. Цената која ја постави Салзбург за неговите услуги воопшто нема да биде мала и оној кој ќе сака да го доведе сигурно ќе мора да плати барем 40 милиони евра.