Според пишувањето на англискиот портал „Гоал“, Арсенал во летото кое следи би сакал да ја засили одбраната со играчот на Барселона, меѓутоа изгледа дека „топџиите“ не можат да си го дозволат.
Станува збор за Самуел Умтити кој според „Трансфермаркт“ има вредност од 70 милиони евра, а буџетот на Арсенал за следното лето би требало да се движи околу 80 милиони. Каталонците би можеле за услугите на Умтити да бараат и поголем износ, а Арсенал едноставно не може да си го дозволи Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради проблемот со коленото Умтити оваа сезона не играше пет месеци, а настапи само на 12 натпревари. Во последните два месеци игра на секој втор или трет натпревар и се обидува да ја врати формата.
Кога е здрав Умтити сигурно е еден од најдобрите стопери во светот. Во Барселона пристигна во 2016 година од редовите на Лион и заедно со Пике создадоа одличен тандем.
Сепак, желбата на Барселона е Матијас Де Лихт кој според информациите е блиску до трансфер во Каталонија и за него Барселона би требало да издвои 75 милиони евра, а еден од начините да соберат средства е токму продажба на Умтити. Тука е Клемент Ленглет кој одлично го замени францускиот колега во последната линија на Каталонците.
Останува да се види дали Арсенал ќе започне преговори и ќе пронајде начин да го ангажира Умтити, треба да се спомене и дека овој фудбалер се поврзуваше и со италијански Јувентус.