Михајло Мудрик со големи очекувања беше доведен во Челзи во јануарскиот преоден рок во 2023 година, меѓутоа Украинецот воопшто не ги оправда очекувањата.
Тогаш силно заинтересиран за Мудрик беше и Арсенал, меѓутоа на крајот „сините“ беа поуспешни во преговорите и победија во трката за неговиот потпис. Меѓутоа Мудрик не се наметна во англискиот фудбал и е едно од најголемите промашувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Челзи веќе размислуваат за негово заминување. Негова желба е да премине во друг клуб со цел да собира искуство, меѓутоа не се исклучува можноста и за перманентен трансфер.
Арсенал од друга страна би можел да му даде шанса во своите редовите, претходно ќе потсетиме Каи Хаверц од Челзи се пресели во Арсенал.