Арсенал направи одличен потег со ангажманот на Мартин Одегард од Реал Мадрид, а шпанскиот гигант планира да му продаде уште еден фудбалер на премиерлигашот.
Брахим Диаз игра на позајмица во Милан и е еден од најважните фудбалери на „росонерите“, но Арсенал покажа голем интерес за неговите услуги, па Реал Мадрид ќе се обиде да заработи што е можно повеќе пари од негов трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дефенса Сентрал“ објави дека „топчиите“ наскоро ќе испратат понуда од 30 милиони евра за потписот на Диаз, а истата ќе биде прифатена од Реал Мадрид.
„Кралевите“ не планираат да сметаат на услугите на Диаз во иднина, но гледаат добра заработка од неговиот трансфер, која треба да им помогне во ангажирање на нови засилувања.