
Младата ѕвезда на француски Лион ова лето веројатно ќе биде еден од најбараните фудбалери.
Корентин Толисо пред некое време беше на мета на Јувентус, Италијанците за неговите услуги нудеа 40 милиони евра, но Лион ја одложи евентуалната продажба, иако понудата им се допаѓаше.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Сепак, Толисо е решен ова лето да ја промени средината, а Лион не мора да се плаши дали добро ќе заработи, бидејќи во редот веднаш застанаа Интер и Арсенал.
Се очекува „топџиите“ и „нероаѕурите“ да испратат понуди ова лето, предност би можел да има Арсенал кој сеуште има шанси и се надева на пласман во Лигата на шампионите, додека пак Интер е далеку од европските натпреварувања.