Eкипата на Арсенал вчера одигра уште еден импресивен натпревар во Премиер лигата победувајќи го фенерџијата Шефилд со убедливи 0:6.
Арсенал пет гола постигна уште во првото полувреме, но потоа подзастана и во вториот дел мрежата на Шефилд се затресе само еднаш. Но, овие шест постигнати гола Арсенал испиша и историја во Премиер лигата, направи нешто што не му успеало на ниту еден друг тим во најсилната англиска конкуренција претходно.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, „топџиите“ се првиот тим во Премиер лигата кој на три гостински натпревари во низа постигнал пет или повеќе голови. На претходните две гостувања Арсенал го победи Барнли со 0:5 и Вест Хем со 0:6.
Arsenal are the first team in 𝑷𝒓𝒆𝒎𝒊𝒆𝒓 𝑳𝒆𝒂𝒈𝒖𝒆 𝒉𝒊𝒔𝒕𝒐𝒓𝒚 to score 5️⃣➕ goals in 3 away games in a row 🔥😱 pic.twitter.com/5r7rWIiIVU
— 433 (@433) March 4, 2024