Kaрло Анчелоти во својата прва сезона во повратничкиот мандат на Реал Мадрид му ја донесе 35. титула во клупската историја со што си го обезбеди местото на „Сантијаго Бернабеу“ и наредната сезона.
Судејќи и според неговата последна изјава Анчелоти нема намера да ја промени средината, најави дека Реал Мадрид ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После ова поглавје во Реал Мадрид најверојатно ќе се пензионирам, но ако Реал ме сака во наредните 10 години, тогаш ќе останам тука уште 10 години“, изјави Анчелоти.
Реал веќе во среда го чека тешка задача во реваншот од полуфиналето против Манчестер Сити во кој „кралевите“ влегуваат со поразот од првиот натпревар од 4:3. Реал Мадрид последен пат ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, а Анчелоти на „кралевите“ им го донесе овој трофеј пред осум години во Лисабон.