Карло Анчелти според најавите од наредната сезона ќе биде селектор на бразилската репрезентација, па така ова е негова последна сезона со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Анчелоти е свесен дека борбата за европскиот трон ќе биде тешка, за неговиот тим, па го истакна Сити како главен фаворит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сити е фаворит број еден. Англискиот гигант ја задржа речиси целата екипа со која лани ја освои титулата и дополнително се засили.
Сепак, не е исто да се биде фаворит и да се триумфира на крајот, убавината на Лигата на Шампионите е токму во тие изненадувања во нокаут фазата. Ние дефинитивно нема да се предадеме, одиме чекор по чекор“, изјави Анчелоти.
Во првото коло од Лигата на шампионите, Реал Мадрид утре ќе игра против Унион Берлин.