Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ја гледа Барселона како ривал за титулата во Ла Лига.
Реал е на врвот на табелата во Шпанија, додека Барселона е со осма со 18 бодови помалку, па и самите каталонци веројатно полека се откажуваат од надежата за титулата оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Барса наш директен ривал за титулата? Не. Тука се Севиља, Атлетико и Бетис, но се се сложувам со Чави. Барселона има квалитет да се бори. Доколку јас сум тренер на Барселона би го кажал истото. Нормлано дека нема да се предаде“, изјави Анчелоти.
Реал во сите натпреварувања запиша 10 победи во низа, а во тој период славеше и против екипи од врвот на табелата како Атлетико, Сосиедад и Севиља. Утре „кралевите“ ги чека дуел со Кадиз.