Во последниот осминафинален натпревар помеѓу Колумбија и Англија гледавме продолженија, откако во регуларниот дел беше 1:1.
Малку недостасуваше последното место во четвртфиналето го пополни селекцијата на „Гордиот Албион“, после регуларните 90 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англија од самиот старт покажа дека е подобар противник, а задачата на Колумбијците беше отежната со тоа што на оваа средба не можеа да сметаат на првата ѕвезда на репрезентација, Хамес Родригез.
Во првите 45 минути, избраниците на Саудгејт создаваа прилики, но не успеаа да го совладаат Оспина. Најдобрата прилика ја имаше Хари Кејн кој во почетните минути со глава од тешка позиција шутираше над голот.
Натпреварот беше исполнет со неровоза и жестоки дуели, неровозата посебно беше присутна на кај репрезентативците на Колумбија.
Ситуацијата кулминираше кога Карлос Санчез направи еден непромислен потег, по кој Англија оправдано доби удар од белата точка. Сигурен реализатор беше Хари Кејн во 57 минута.
Голот за спас на Колумбијците дојде во судиското продолжение и тоа преку кој друг ако не – Јери Мина. Кој го постинува својот трет гол на Мундијалот.
Продолженијата не донесоа преголеми возбдувања, како и двете селекции да ги чекаа пеналите, Англија беше нешто по опасна преку Џејми Варди кој шутираше директно во Оспина на стартот на второто продолжениа, потоа се закани и Роуз кој беше неприцизен.
Не видовме погодоци во дополнителниот половина час, па се пристапи кон изведувањето на пенали.
Први шутираа Фалкао и Хари Кејн и двата први напаѓачи беа преицизни. За Колумбија следуваше Квардадо кој шутираше одлично, па Пикфорд повторно немаше шанси, а за Англичаните добро шутираше Маркус Рашфорд.
Следен кој го измами Пикфорд беше Муриел кој го испрати англискиот голман на спротивната страна. По, Муриел на белата точка застана Џордан Хендерсон и тој беше првиот кој промаши. Сепак, Англичаните имаа среќа во тие моменти бидејќи Урибе за Колумбија шутираше во пречката, па Трипиер ги врати работите на почетокот со следниот изведен пенал.
Клучниот пенал за Колумбијците го промаши, Карлос Бака, па Ерик Дајер ја одведе Англија во четвртфиналето.