Дома Фудбал Англија Aнглиските медиуми објавија три имиња: Ова се желбите на Манчестер Јунајтед!

Aнглиските медиуми објавија три имиња: Ова се желбите на Манчестер Јунајтед!

Maнчестер Јунајтед се спрема за голем шетен шопинг, а англисктие медиуми денес објавија имиња на тројца фудбалери кои се на мета на „црвените ѓаволи“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Засилувања во одбраната се неопходни. Извесно е дека на лето ќе гледаме некои нови лица на „Театарот на соништата“, а прв избор во дефанзивата е фудбалерот на Наполи, Калид Кулибали.

Сенегалнскиот стопер веќе долго се поврзуваше со Јунајтед, а наводно е одбиена понуда во текот на јануари од 95 милиони евра. Сепак, медиумите на Островот засега тврдат дека „црвените ѓаволи“ повторно ќе тврдат по овој одличен стопер и според некои информации се спремни да издвојат поголема сума од првобитната понуда.

Одбраната би можела да биде посилна и за младиот Арон Ван-Бисак. Овој 21 годишен десен бек игра фантастична сезона во дресот на Кристал Палас и привлече големо внимание на себе.

Манчестер Јунајтед за неговите услуги е спремен да издвои 40 милоони фунти, но се соочува со конкуренција бидејќи овој фудбалер во своите редови го сака и лондонски Арсенал.

Исто така, желба на екипата од „Олд Трафорд“ е хрватскиот играч за врска, Иван Ракитиќ. Хрватот констатно се поврзува со заминување од редовите на Барселона, а досега најмногу се поврзуваше со Интер.

Во трката за неговиот потпис сега се вклучува и Јунајтед. Во него гледаат идеално засилување за својот тим, па Ракитиќ од наредната сезона би можеле да го видиме во дресот на гигантот од Манчестер.

Како и да е на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок се очекуваат засилувања на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингам целосно ги промени трансфер плановите на Реал Мадрид!

Џуд Белингам со своите игри на Светското првенство целосно го промени мислењето на челници…