Дома Фудбал Англија Aлисон можел дополнително да ја „убие“ самодовербата на Кариус, но – одбил!

Aлисон можел дополнително да ја „убие“ самодовербата на Кариус, но – одбил!

Aлисон Бекер, поранешниот голман на Рома во Ливерпул пристигна за огромна сума поставувајќи нов светски рекорд.

Ливерпул на Рома и плати сума од 62.4 милиони евра со што беше срушен рекордот на Џанлуиџи Буфон за кого Јувентус на Парма и плата 52.8 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Алисон секако ќе биде прв голман на „црвените“, па поради тоа му бил понуден и дресот со број „еден“, но тој го одбил!

Бекер го одбил бројот кој е во сопственост на Кариус и избрал на својот број да носи „13-ка“. Бразилскиот голман не сакал дополнително да придонесува за пад на самодовербата на Кариус која и онака е на ниско ниво.

Со ваквиот мал потег, Алисон собра симпатии од навивачите и пошироката јавност.

„Браво, голем човеку. Секоја чест!“, „Фудбалот толку ја изгуби својата смисла што еден културен потег и некогаш нормален гест завршува помеѓу најважните спортски вести“, гласат дел од коментарите на друштвените мрежи..

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го испушти во „пет за 12“, па сега ќе го примени рецептот на Флорентино Перез!?

По тоа што Кристал Палас го стопираше договорот во последен момент, Ливерпул се откажа и н…