Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека утре против Болоња ќе играат Роналдо и Дибала.
„Бјанконерите“ имаа згуснат распоред и во овој период играат натпревари на секои три дена, а после утрешниот натпревар против Болоња следи натпревар против Наполи, а во текот на наредната недела ги очекува Јанг Бојс во Лигата на шампионите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Роналдо поради суспензијата нема да игра против Јанг Бојс во вторник, но ќе игра против Болоња и Наполи. Дибала? Да, ќе игра. Против Фросиноне одлично си ја заврши работата и мора да игра“, изјави Алегри.
Стретегот на Јувентус најави и неколку промени, па така ќе брани Перин, Киелини ќе одмара, а под знак прашалник е и настапот на Алекс Сандро, додека од првата минута шанса би можел да добие Брзаљи.
Јувентус и Болоња се сретнуваат утре со почеток во 20:45 часот.