Дома Трансфер зона Aко Роналдо замине Јунајтед може да го замени со соиграч на Елмас

Aко Роналдо замине Јунајтед може да го замени со соиграч на Елмас

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо нема добра сезона во Манчестер јунајтед и затоа се шпекулира за негово заминување на лето.

Роналдо минатата година пристигна во Јунајтед од Јувентус, но вториот мандат на „Олд Трафорд“ нема да го памети по добро. Јунајтед бара нов напаѓач и наводно замената за Роналдо ја пронајде во Италија. „Црвените ѓаволи“ го сакаат Виктор Осимен од Наполи, но за него ќе мора да платат 100 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Осимен оваа сезона настапи на 22 меча, а притоа постигна 11 голови. Раководството на клубот веќе имало контакти со напаѓачот и се очекува напад на неговиот потпис следното лето.

Интересно е тоа што Роналдо е најдобар стрелец во Премиерлигата за Јунајтед со девет гола, иако има лоша сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…