Дома Фудбал Италија Aко Ибрахимовиќ сака да остане во Милан мора да прифати помала плата

Aко Ибрахимовиќ сака да остане во Милан мора да прифати помала плата

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимоиќ има желба да игра и следната сезона, па затоа преговара со раководството на Милан за продолжување на соработката.

Според последните информации ако Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона во дресот на Милан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Ибра и понатаму прави разлика на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо и со повеќе пресинг. Тука се и честите повреди кои ги имаше откако дојде на „Сан Сиро“, па затоа раководството сериозно размислува за платата и времетраењето на договорот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најавите се дека Милан на Златан ќе му понуди нов едногодишен договор со помали примања. Тренерот Стефано Пиоли би го користел Ибрахимовиќ помалку со цел да се намали можноста за нови повреди, па Ибра и почесто би поминувал време на клупата.

Сезонава во Серија А и Лигата на шампионите Ибрахимовиќ одигра 15 натпревари, постигна седум гола и забележа две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…