Aко во Челзи нешто брзо не превземат би можеле да останат без веројатно најдобриот играч.
Фудбалерот на Челзи, Еден Азар ја отвори душата за медиумите кои ја следат селекцијата на Белгија на Мундијалот, а неговата изјава сигурно нема да им се допадне на навивачите на Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Останувам само во случај да се засилиме колку што е потребно, ако не заминувам!“, јасно порача Азар и продолжи:
„Реал знае што треба да направи ако навистина ме сака и сите знаат дека тоа за мене е интересна идеја. Сепак, не сакам да одам во Мадрид само така, потребно е да ми се допадне проектот, како во Челзи“.
„Се ќе биде полесно ако добро го одиграм Мундијалот, сега не сакам да размислувам за трансфер. Зависи и од тренерот, не знам дали тој останува или не“, заклучи Азар.
Иначе, Реал и Азар е комбинација за која се пишува веќе од поодамна.