Дома Трансфер зона Aрсенал добива засилување од 25 милиони евра

Aрсенал добива засилување од 25 милиони евра

Лондонскиот Арсенал ќе добие уште едно засилување.

Нов член на „Топџиите“ ќе биде бразилскиот дефанзивец Габриел Магалес, со кого е договорена петгодишна соработка, а официјално ќе биде потврдена денес или утре.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лил се согласи да го продаде 22-годишниот стопер за сума од 25 милиони евра. Во наредните часови, сè ќе биде официјално потврдено и Габриел ќе отпатува за Лондон за да го потпише договорот.

Така, после Вилијан, втор Бразилец ќе ги засили редовите на Арсенал, а овој пат засилувањето е на критичната стоперска позиција.

Габриел ја започна својата кариера во Аваи, Бразил. Тој пристигна во Лил во 2017. година, а пред да се пресели во првиот тим, беше на позајмица во Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …