Дома Фудбал Англија Aнгличаните октрија што си кажале Гомез и Стерлинг

Aнгличаните октрија што си кажале Гомез и Стерлинг

Атмосферата во репрезентацијата на Англија неочекувано беше нарушена веднаш на првиот тренинг после собирот.

Имено, Рахим Стерлинг и Џо Гомез имаа судир после кој фудбалерот на Ливерпул заврши со гребнатини на лицето, а нивните соиграчи од репрезентацијата се обидувале да ја смират ситуацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа беше продолжување на расправијата која ја имаа овие двајца фудбалери во дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити во неделата.

Англиски „Дејли Мирор“ ангажирал професионален читач од усни за да откријата што овие двајца фудбалери си кажаа еден на друг во текот на инцидентот.

„Немој да се зае*аваш со мене Џо. Не се зае*авај со мене“, повторил Стерлинг, додека овој му возвратил: „Само дојди“.

Инаку, после инцидентот на тренингот селекторот Герет Саудгејт го суспендираше Стерлинг за натпреварот против Црна Гора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Александар Исак си ја скрши ногата, Ливерпул бара нов напаѓач. Еве четири потенцијални засилувања

Кога Александер Исак ја прими топката од Флориан Вирц и постигна погодок на стадионот на Т…