Инвестицискиот фонд „Оукутри Капитал“ ќе откупи 30% од акциите на Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Досега акциите беа во сопственост на „Лион Рок Капитал“ од Хонг Конг, а за нив Американците ќе платат 275 милиони долари.
Најавите се и дека „Оуктри Капитал“ е спремен да му помогне на мнозинскиот сопственик „Сунинг“ со гаранција од кредит со кој Интер би ги надминал финансиските проблеми во кои се наоѓа во овој момент.
Од последната сезона Интер пријави загуба од 100 милиони евра и само на плати клубот троши 132 милиони.
Претседателот на клубот Стивен Жанг пред неколку дена јавно ги замоли играчите да се откажат од дел од платите со цел да се заштедат 25 милиони евра. Тоа негово барање беше одбиено.