Дома Фудбал Англија Aлисон можел дополнително да ја „убие“ самодовербата на Кариус, но – одбил!

Aлисон можел дополнително да ја „убие“ самодовербата на Кариус, но – одбил!

Aлисон Бекер, поранешниот голман на Рома во Ливерпул пристигна за огромна сума поставувајќи нов светски рекорд.

Ливерпул на Рома и плати сума од 62.4 милиони евра со што беше срушен рекордот на Џанлуиџи Буфон за кого Јувентус на Парма и плата 52.8 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Алисон секако ќе биде прв голман на „црвените“, па поради тоа му бил понуден и дресот со број „еден“, но тој го одбил!

Бекер го одбил бројот кој е во сопственост на Кариус и избрал на својот број да носи „13-ка“. Бразилскиот голман не сакал дополнително да придонесува за пад на самодовербата на Кариус која и онака е на ниско ниво.

Со ваквиот мал потег, Алисон собра симпатии од навивачите и пошироката јавност.

„Браво, голем човеку. Секоја чест!“, „Фудбалот толку ја изгуби својата смисла што еден културен потег и некогаш нормален гест завршува помеѓу најважните спортски вести“, гласат дел од коментарите на друштвените мрежи..

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо е минато: Јунајтед не дозволува да се печати неговото име на дресовите

Манчестер јунајтед претстави нови домашни и гостински дресови за сезоната 2025/26, а навив…