Дома Фудбал Англија Aлиоски по понижувачкиот пораз: Големо разочарување, уште не ми се верува

Aлиоски по понижувачкиот пораз: Големо разочарување, уште не ми се верува

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски нема по добро да го памети 150. настап во дресот на Лидс.

Вчера Лидс претрпе срамен пораз од четвртолигашот Кроули. Кроули го елиминираше Лидс и тоа со убедлива победа од 0:3. По натпреварот Алиоски изрази големо разочарување.

„Ова не можам да го опишам, разочарани сме. Во натпреварот влеговме максимално сериозно, сакавме да стигнеме подалеку во ФА Купот, но на крајот доживеавме огромно разочарување. Во Кроули го одиграа мечот на нивните животи и можеме само да им честитаме. Не победија со 3:0, уште не ми се верува“.

„Сите играчи добро знаеме што значи да изгубиме 0:3 од Кроули. Марсело не треба ништо да ни каже, секако дека и тој е многу разочаран како и сите фудбалери“, изјави Алиоски по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…