Дома Фудбал Италија Aлегри суспендиран за натпреварот против Рома

Aлегри суспендиран за натпреварот против Рома

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да го води својот тим против Рома.

Алегри доби суспензија од Спортскиот суд поради навреди кон судијата во натпреварот против Наполи. Јувентус тој натпревар го заврши со 1:1, а Алегри беше вознемирен поради таквиот развој на случувањата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Покрај тоа што нема да го води тимот против Рома кој има голема важност во борбата за место кое води во Лигата на шампионите (двете екипи ги делат само три бода) Алегри е казнет и со 10.000 евра.

Мурињо исто така имаше приговор за судењето на натпреварот кој неговиот тим го играше со Милан, но тој ќе биде на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кои се квалификуваше директно на СП 2026, а кои во бараж? (Фото)

Квалификациите за Светското првенство 2026, чиј домаќини ќе бидат Канада, Мексико и Соедин…