Дома Фудбал Останато Aлвес: Во Јувентус бев излажан и затоа си заминав

Aлвес: Во Јувентус бев излажан и затоа си заминав

На Бразилецот престојот во Торино не му останал во убави сеќавања.

30 годишниот Дани Алвес е фудбалерот со најмногу трофеи. Својата европска кариера Алвес ја започна во кариера, а потоа се пресели во Барселона каде што играше осум години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Алвес во 2016 година ги напушти Каталонците и се пресели во Торино за после само една година да си замине од Јувентус и да се пресели во Пари Сен Жермен.

Ова лето истекува неговиот договор со ПСЖ и се уште не е јасно дали ќе остане во Париз или ќе продолжи да ги брани боите на друг клуб.

Во разговор за „ЕСПН“, Алвес се потсети на годините во Јувентус и престојот во Торино поради луѓето во клубот не го памети по добро.

„Поминав една непријатна година во Торино. Се чуствувам излажан затоа што не го добив тоа што ми беше ветено. Пишував историја со Јувентус, секој кој ќе го прашате од тој град би ви кажал добри работи за Алвес како војник на теренот. Никој нема ништо лошо да ви каже за мене“.

„Поинаква е работата со луѓето кои ме доведоа таму. Ја почитувам историјата на Јувентус, но се почуствував излажан и затоа го напуштив клубот“, изјави Алвес.
Алвес во таа сезона со Јувентус стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џејми Варди има повеќе понуди, но очајно сака само во еден клуб

Џејми Варди, легендарниот напаѓач на Лестер, наводно очајно сака кариерата да ја продолжи …