Дома Трансфер зона Aгентот на Савиќ потврди: Преговараме со ПСЖ и Манчестер Јунајтед

Aгентот на Савиќ потврди: Преговараме со ПСЖ и Манчестер Јунајтед

Сергеј Милинковиќ Савиќ во летото кое следи скоро сигурно ќе го напушти Лацио. Агентот на фудбалерот Матеја Кежман потврди дека во овој момент води преговори со ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба за Сергеј се спремни да платат 65 милиони евра. Според изјавата на Кежман предност имаат „црвените ѓаволи“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„На Сергеј не му недостасуваат понуди пред летниот преоден рок. Во овој момент преговараме со Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Сергеј е фокусиран на крајот од сезоната, а потоа сака да оди во Манчестер“, изјави Кежман.

Манчестер Јунајтед има проблеми со средниот ред и ќе има промени. Немања Матиќ веќе потврди дека ќе си замине, не е јасна и иднината на Пол Погба за кого медиумите пишуваат дека не е играч по „мерка“ на Тен Хаг.

Од друга страна ПСЖ ќе игра во Лигата на шампионите, додека Јунајтед тешко ќе дојде до најелитното европско клупско натпреварување и повеќе е реално „црвените ѓаволи“ да ги гледаме во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…