Дома Фудбал Италија Анчелоти за поразот: Му го поклонивме првото полувреме!

Анчелоти за поразот: Му го поклонивме првото полувреме!

Наполи синоќа доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Сампдорија, а тренерот Карло Анчелоти не го криеше разочарувањето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наполи во претходните две кола иако губеше успеа да направи пресврт, но синоќа загуби 3:0 против Сампдорија.

„Имавме ист старт на натпреварот како и во првите две кола. Тогаш бевме во состојба да направиме пресврт, но не може секогаш исто. Повторно му го поклонивме првото полувреме на противникот. Кога го примивме првиот гол почнавме да брзаме и да се мачиме“, истакна Анчелоти.

„Не мислам дека треба премногу да менуваме. Само мораме подобро да ги почнуваме натпреварите и да бидеме фокусирани. Овај пристап е неприфатлив. Ако имаме ваков пристап не можеме да наптравиме ништо“, заклучи искусниот стратет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто не се памети: Перез и УЕФА заговараат револуција во фудбалскиот свет

Во фудбалската јавност се појави нова идеја која може целосно да го промени начинот на кој…