Со сигурност многумина фудбалски фанови на прашањето кои се најдобри дриблери во Европа би одговориле: Меси и Нејмар.
Меѓутоа нивната највпечатлива карактеристика овој викенд не дојде до ираз. Луѓето за кои се смета дека не знаат да изгубат топка, благо кажано не беа на своето ниво.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Двата големи фудбалски виртуози имаа катастрофална статистика кога се изгубените топки во прашање – најлоши се од сите играчи во најсилните пет лиги.
Нејмар е последен овој викенд изгубил дури 34 топки!
Меси против Ваљадолид беше нешто подобар и изгуби 27 топки.
Бразилецот постигна и погодок во победата на неговиот тим од 3:1 и тоа малку го засени податокот дека топката ја губеше скоро во секој обид да се ослободи од некој играч.