Сите зборуваат за моќниот Јувентус, предвидуваат силен Интер, но помалку како да ја забораваат Рома која доведе голем број засилувања.
Римјаните останаа без Раџа Наинголан кој беше еден од најдобрите играчи на „волчицата“, но изгледаше како да е засистен од средината, па замина на северот на Италија во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, останатиот дел од тимот на Еусебио Ди Франческо скоро и да остана ист, а бројните засилувања би можеле да донесат дополнителен квалитет. Така размислува и стоперот на Рома, Костас Манолас.
„Ние сме силни, сите освен Наинголан останаа, спремни сме, можеби и подобри од минатата сезона. Работиме напорно, знаеме што тренерот сака, сега мораат да се прилагодат и новите засилување. Важно е дека се со нас како дел од еден голем проект“.
„Среќен сум во Рим и сакам да останам тука, спремен сум да дадам се за овој клуб“, изјави Манолас кој потоа зборуваше за пристигнувањето на Кристиано Роналдо во Јувентус.
„На теренот ќе видиме кој е посилен, тие изгледаат навистина моќно, но ќе мораме прво да ги одмериме силите. Роналдо е еден од најдобрите заедно Меси, освои пет Златни топки и постигна повеќе од 100 голови во Лигата на шампионите, но ние не се плашиме од никого. Дали сум побрз од него? Теренот ќе одлучи, јас сум спремен да се натпреварувам“, заврши Манолас.