Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Светско првенство Група Д – Може ли Нигерија да им ги замрси сметките на фаворитите?

Светско првенство Група Д – Може ли Нигерија да им ги замрси сметките на фаворитите?

Денес на програмата на Светското првенство започнуваат натпреварите од Групата Г, која е една од најинтересните на турнирот. Аргентина и Хрватска важат за фаворити за пласман во следната фаза, но Нигерија може да биде „нагазна мина“.

Аргентина гледа кон „Божицата“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Гаучосите“ на секој Мундијал се едни од главните фаворити за освојување на „Божицата“ и со право се надеваат на таков успех кога во својот тим го имаат еден од најдобрите фудбалери во светот, Лео Меси.

Меси се уште нема голем успех со репрезентацијата и ова е една од неговите последни шанси. Аргентина играше финале на последниот Мундијал, но не успеа да се искачи на тронот, а потоа загуби и две финалиња во Копа Америка.

Најсилен адут на оваа репрезентација е секако нападот. Најдобар показател за нивната моќ во нападот е фактот што за Мауро Икарди немаше место во репрезентацијата, а за Дибала и Игуаин нема место во стартниот тим. Сепак, за висок пласман на вакво натпреварување клучен фактор игра одбраната, а таа кај „гаучосите“ е и тоа како ранлива.

Хрватска потајно се надева на историски успех

Хрватската репрезентација има „златна генерација“ и сака да го повори успехот од 1998 година кога се пласира во полуфиналето. „Коцкестите“ заедно со Аргентина важат за фаворити за пласман во следната фаза, но сепак не смеат да ја потценат Нигерија. Токму првиот натпревар против Африканците е најважен за Модриќ и дружината, а доколку успеат да го добијат тогаш ќе имаат шанси и да бидат победници во групата.

Нигерија може да биде „нагазна мина“

Нигериците имаат традиција на Светските првенства и знаат да играат турнирски, па ќе сакаат да им докажат на критичарите дека неправилно се потценети во оваа група. Нигерија во својот тим има неколку ѕвезди кои играат во големи европски клубови и пред неколку месеци во пријателски меч на победија Аргентина со 4:2.

Нигерија и на минатиот Мундијал беше во иста група со „гаучосите“ и сите знаеме дека скапо ја продаде својата кожа. Ждребот ги смести во една од најизрамнетите групи, па и за нив најважен ќе биде првиот натпревар против Хрватска.

Исланд по први бодови на СП

Исланд е дебитант на Светското првенство, но не и на големите натпреварувања бидејќи пред две години беше дел од Европското првенство. Малата островска земја ги собра симпатиите на неутралните, а доказ за нивниот квалитет е фактот што во квалификациите беа на прво место во иста група со Хрватска. Тешко дека Исланд може да се надева на пласман во следната фаза, но на освојување на првите бодови на светските првенства, тоа секако.

Обложувалницата Coinbet24 има одлична понуда за Светското првенство, особено за денешниот натпревар од СП на кој може да се обложите, а никако да изгубите – погледнете ТУКА!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …