Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Говорот на Ракитиќ со кој ги мотивирал „коцкестите“ пред изведување на пеналите!

Говорот на Ракитиќ со кој ги мотивирал „коцкестите“ пред изведување на пеналите!

Хрватската репрезентација успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот во Русија, откако беше подобра после изведување на пенали против Данска.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Херој за „коцкестите“ беше Даниел Субашиќ кој успеа да одбрани три пенали, но голем дел од одговорноста презема и Иван Ракитиќ кој го изведе клучниот пенал.

Лука Модриќ во продолженијата имаше шанса да го избегне изведувањето на пенали, но не успеа да погоди од белата точка, па можеше да се претвори во трагичар за Хрватска.

„Пред пеналите се собравме и им реков едно нешто на соиграчите: Лука не спасувал толку пати досега, сега ред е ние да го спасиме него. На Субашиќ му реков само да ужива, знаев дека тоа ќе биде негова ноќ“, открива Ракитиќ.

„Пред да тргнам да го изведам одлучувачкиот пенал Вида ми рече: „Те молам погоди, те молам“. Јас бев полн со самодоверба и знаев дека за да ми го одбрани пеналот, Шмајхел ќе треба да ја направи најдобрата одбрана во кариерата“, додаде играчот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Роналдо го најави крајот на кариерата

Напаѓачот на Ал Наср Кристијано Роналдо зборуваше за крајот на својата кариера по натпрева…