Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Стигнавме и до последната селекција од групата Е, репрезентацијата на – Костарика.
КОСТАРИКА
Костарика е селекција која во групата Е ја има улогата на аутсајдер, покрај моќниот Бразил и солдините Швајцарија и Србија не и се даваат премногу шанси за изненадување и евентуален пласман во нокаут фазата.
Мундијалот ова селекција ќе го започне со натпреварот против нашиот сосед, Србија, на 17 јуни во „Самара Арената“, пет дена подоцна ги очекува натпревар против еден од првите фаворити за титулата Бразил и за крај на групната фаза ќе ги одмерат силите против Швајцарците.
За нив ова ќе биде четврто учество на светските првенства, а во овој момент се наоѓаат за нив одличната 25-та позиција на ФИФА ранг листата.
Костарика учеството во Русија го обезбеди како вторпласирана во КОНКАКАФ на Мексико, Панама, Хондурас, САД и Тринидад и Тобаго. Квалификациите ги завршија на втората позиција со учинок од четири победи, четири нерешни средби и два порази со гол разлика од 14 постигнати и осум примени погодоци.
Оваа селекција на Мундијалот ќе настапи во дресови дизајнирани од компанијата „New Balance“.
Кога во прашање е составот кој на расаполагање ќе го има селекторот Оскар Рамирез јасно е дека први ѕвезди се капитенот Брајан Руиз и голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас.
Рамирез конечниот список на 23 играчи го објави уште пред две недели, а освен двете споменати ѕвезди блесок на Мундијалот би можеле да очекуваме од Џоел Кембел од Бетис и Бургос од Депортиво Ла Коруња.
Конечниот список на Костарика од 23 играчи:
ГОЛМАНИ:
Кејлор Навас, Патрик Пембертон, Леонел Мореира
ОДБРАНА:
Кристијан Гамбоа, Јан Смит, Роналд Матарит, Брајан Овиедо, Оскар Дуарте, Џанкарло Гонзалез, Франциско Калво, Кендал Вастон, Џони Акоста
СРЕДЕН РЕД:
Дејвид Гузман, Елсин Теједа, Целсо Боргес, Рандал Азофеифа, Родни Волас, Брајан Руиз, Колиндс, Кристијан Боланос
НАПАД:
Јохан Венегас, Џоел Кембел, Марко Урена
Oбложувалницата „Coinbet24“ веќе ги објави коефициентите за сите натпревари во групната фаза.
Костарика како што кажавме е аутсајдерот во оваа група, па така има добива и најголем коефициент дека би изборила пласман во следната фаза – 25.00.
За првиот натпревар против Србија Костариканците добиваа коефициент од 4.03, за реми „Coinbet24“ доделува 3.15, додека за победа на Србија коефициентот изнесува 2.03.
Против Бразил Костарика е целосен аутсајдер па така за победа добиваат коефициент од 12.00, за победа на „Кариоките“ коефициентот изнесува само 1.25, додека за реми 5.90.
За последниот натпревар против Швајцарија Костарика за победа добива коефицент од 4.35, за победа на Швајцарците „Coinbet24“ доделува коефициент од 1.88, додека за реми тој изнесува 3.45.