Дома Фудбал Италија Реина осомничен за поврзаност со неаполската мафија

Реина осомничен за поврзаност со неаполската мафија

Не е прв пат некој од фудбалерите на Наполи да се врзе со тамошната мафија, но сега стигна и службена пријава на сметка на голманот Пепе Реина.

Имено, Реина е еден од тројцата фудбалери (поранешни и сегашни) кои се упатени на Федералниот национален суд на Фудбалскиот сојуз на Италија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај искусниот голман, за поврзаност со криминални организации се осомничени и Пауло Канаваро и Салваторе, двајца фудбалери кои порано настапувале за клубот.

Според пишувањата на италијанските медиуми, тројцата се осомничени поради блиските односи со осудениот криминалец Габриел Еспосито како и со неговите браќа Франческо и Џузепе.

Судејќи според фотографиите кои ги пласираа италијанските медиуми, видливо е дека Реина е во блиски односи со Еспасито, а на истите може да се види уште неколку поранешни или сегашни фудбалери на Наполи. Сепак, за сега се истражуваат само односите на Пепе со Еспасито.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…