Мохамед Салах оваа сезона е најверојатно најдобриот фудбалер во Премиер лигата, па многу европски гигнати се воодушевени од „египетскиот Меси“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од поодамна интерес за Салах покажува Реал Мадрид, но во трката за неговиот потпис се вклучуваат уште Барселона, ПСЖ и клубовите од Манчестер.
Меѓутоа, англиските медуми пренесуваат дека Ливерпул е спремен да ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат за Салах, па дури и ако некој клуб понуди 200 милиони фунти.
„Црвените“ сакаат да ги задржат своите најдобри фудбалер, и додатно да го засилат тимот за следната сезона конечно да ја нападнат титулата во Премиер лигата.
Сигурно е дека ќе пристигне ѕвездата на Лајпциг, Кеита, а клубот од „Енфилд“ е уште заинтересиран за Дрекслер од ПСЖ, Ндиди од Лестер и голманот на Рома, Алисон.
Клоп смета дека со овие засилувања и Салах во тимот следната сезона ќе може да атакува на титулата во Премиер лигата.