Дома Фудбал Англија Нов позитивен шок за фановите на „Топчиите“: Пристигнува ново големо име од редовите на Барселона

Нов позитивен шок за фановите на „Топчиите“: Пристигнува ново големо име од редовите на Барселона

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, управата на „Топчиите“ е одлучно да пазари на „Камп Ноу“.

Петар Чех нуди се послаби партии во дресот на Арсенал, па се повеќе се шпекулира за неговиот поренцијален наследник.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, голем број на голмани се поврзувани со Арсенал, а според последните информации, следното лето на „Емирати“ би можел да пристигне голманот на Барселона, Јаспер Силесен.

Холандскиот репрезентативец е во сенка на одличниот Марк Андре тер Штеген, не добива многу шанси, па јасно е дека понуда од голем клуб во Премиер лигата би можела да го натера да ја промени средината.

За неговите услуги има голем интерес, како што се наведува Силесен е на името на листата желби и на минхенски Баерн, како и Челзи, Манчестер Јунајтед и Сити.

Силесен како што е наведено во договорот има откупна клаузула тешка 60 милиони евра, па останува да се види дали Арсенал е доволно подготвен да плати ваква сума за новиот чувар на мрежата, или ќе се обиде управата на Барса да извлече некоја подобра сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн ја посакува ѕвездата на Ливерпул, тимот од „Енфилд“ веднаш ѝ нуди нов договор

Фабрицио Романо ги откри новите детали поврзани со играчот кој Ливерпул сака да го задржи …