Готово се е познато!
Како и што беше најавувано Барса обезбеди уште еден трансфер. Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ потврди дека Барселона постигнала договор со Гремио околу потписот на Артур, а договорот изгледа е одличен за сите три страни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според овој извор, Артур целата 2018 година ќе ја помина на позајмица во својот матичен клуб, а ниту потоа нема да дојде на „Камп Ноу“ туку планот е да оди на позајмица во еден европски клуб.
Планот на Барса е Артур на „Ноу Камп“ да пристигне дури во јануари 2020 година, а идејата да помине и уште една година на позајмица во Примера.
Гремио на стартот на преговорите бараше сума од 50 милиони евра колку и што изнесуваше откупната клазула, но на крајот се согласи за сума од 30 милиони евра.
Да потсетиме, управата на Барса во Артур гледа наследник на Чави, но останува да се види какви настапи ќе прикажува овој фудбалер по пристигнувањето во Европа.
❗️Sources close to Mundo Deportivo have been told that Grêmio and Barça are close to coming to an agreement.
Arthur will sign for Barça in the summer, but will be loaned out for 2 seasons. He will play 1 season at Grêmio and another season at a European club. [md] pic.twitter.com/0MVMTnOy2i
— BarcaSpiral (@BarcaSpiral_) February 3, 2018