Дома Фудбал Италија „Стакленото“ засилување на Рома пак се повреди

„Стакленото“ засилување на Рома пак се повреди

Младиот напаѓач Патрик Шик минатото лето пристигна во Рома како големо засилување, но го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреди.

Шик неодамна конечно се опорави и почна да игра, но многу брзо стигнаа нови проблеми за младиот чешки репрезентативец. 22-годишниот напаѓач го пропушти синоќешниот меч против Сампдрорија, а од Рома потврдија дека станува збор за повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шик денес направи дополнителни прегледи и утврдено е дека станува збор за сериозна повреда, поради која ќе мора да паузира еден месец и ќе ги пропушти наредните четири меча.

Шик нема да биде во конкуренција за мечевите со Верона, Беневенто и Удинезе во Серија А, како и првиот натпревар против Шахтјор во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гласнер откри дали Матета ќе се оперира и изјави дека неговата одлука да замине е конечна

Напаѓачот на Кристал Палас Жан-Филип Матета нема да се подложи на операција на коленото за…