Дома Топ вести Tрансфери во живо: „Адидас“ веќе ги печати дресовите на Санчез, Челзи го сака Џеко, Чан и понатаму желба на Јуве…

Tрансфери во живо: „Адидас“ веќе ги печати дресовите на Санчез, Челзи го сака Џеко, Чан и понатаму желба на Јуве…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– За почеток ви ги претставувам ТОП 10 трансфери според фудбалската страница „Football Wispers“ кои би можеле да се случат во текот на денешниот ден (ОВДЕ)


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


– ПОТВРДЕНО: Главна вест во Каталонија денес е продолжувањето е постигнувањето на договор за продолжување соработката со Жерар Пике, кој ќе го продолжи договорот на четири години, односно до 2022 година со откупна клазула од 500 милиони евра. (ОВДЕ)

– БЛИСКУ ДО РЕАЛИЗАЦИЈА: Според изјавата на Арсен Венгер и најавите на голем дел од реноминраните англиски медиуми размената Михтаријан – Санчез ќе се реалзира до крајот на денот. (ОВДЕ)

– Тимот на Вест Хем покажал интерес за промашувањето на Интер, Жоа Марио кое во клубот пристигна минатото лето за сума од 45 милиони евра. (ОВДЕ)

– НАЈНОВО: Договорот кој Санчез треба да го потпише со Јунајтед има важност до 2022, дознава познатиот новинар Фабрицио Романо.

– Како што дознава „Билд“, Пјер-Емерик Обамејанг е ослободен од натпреварот кој Борусија го игра за викендот против Херта, причината е реализација на неговиот трансфер во Арсенал кој се очекува да изнесува 53 милиони фунти.

– По официјализирањето на трансферот на Тео Волкот тимот на Евертон покажал интерес за фудбалерот на Баерн Минхен, Хуан Бернат

– Официјално: Бастијан Швајнштајгер потпиша продолжување на договорот со Чикаго на една година. (ОВДЕ)

– Продавницата на „Адидас“ во Лондон веќе започна да прави дресови на Манчестер Јунајтед со името на Алексис Санчез кој се очекува да го носи дресот со број седум.

– Од редовите на Јувентус потврдија дека клубот прави се за да го доведе Емре Чан. (ОВДЕ)

– Како што пренесуваат италијанските медиуми, тимот на Наполи ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Рома, Стефан Ел Шарави. (ОВДЕ)

– Тимот на Јувентус во наредниот период ќе се обиде да доведе еден од Кристијан Ериксен и Месут Озил, пишува „Кориере дело Спорт“.

– Официјално: Костаст Сталфидис од Аугусбург преминува во редовите на Стоук.

– Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул ја одбил понудата за Даниел Стариџ од шпанска Севиља.

– Ливерпул ја губи трката со Баерн Минхен за потписот на фудбалерот на Шалке, Леон Горетцка, пренесува „Ливерпул ехо“.

– Како што пренесуваат италијанските медиуми екипата на Челзи би можела да го врати Един Џеко во Премиер лигата. Џеко во Англија претходно го носеше дресот на Манчестер Сити. (ОВДЕ)

– После официјализирањето на трансферот на Тео Волкот, Евертон освен интересот за бекот на Баерн Минхен, Бернат, најавува и напад на фудбалерот на Лестер, Џејми Варди. (ОВДЕ)

– Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е спремен да ја плати откупната клаузула на дефанзивецот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез.

– Последните информации од Островот говорат дека Арсенал и Обамејанг постигнале договор. Напаѓачот ќе потпише договор на три и пол години и ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

-Според анкетата на мадридскиот весник „АС“ дури 70% од фановите на Реал Мадрид сакаат да му го видат грбот на Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …