Јувентус прави се што е во негова моќ за да го убеди играчот на Ливерпул, Емре Чан да потпише со „старата дама“, потврди спортскиот директор на „бјанконерите“.
Договорот на 24-годишниот Германец со Ливерпул истекува во јуни оваа година и тој веќе има право да преговара со други клубови. Неодамна на Апенините се појави информација дека Емре Чан потпишал преддоговор со Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, самиот фудбалер појасни дека се уште нема донесено конечно одлука и не потпишал со ниту еден клуб.
„Емре Чан е фудбалер чии што договор истекува на крајот на сезоната, а тоа ни овозможува да се поврземе со неговиот агент. Се разбира, ние ја искористивме таа можност. Не можам да кажам дали има шанси тој да потпише нов договор со Ливерпул, но ние ќе направиме се што е во наша моќ да дојде во Јувентус. На крајот одлуката е на самиот фудбалер“, истакна спортскиот директор на Јуве, Бепе Марота.